Melita Dine

Здраво и Добредојдовте

Моето име е Мелита Дине. Јас сум родена и израсната во Германија. Корените на моите родители се од Балканот. Врската со Балканот отсекогаш беше тука. Во куќата на родителите се живееше културата и менталитетот на Балканот и се зборуваа многу јазици. Ова беше засилено и со дополнителни часови по мајчините јазици.

Со овој проект BALKAN Days of Change сакам повторно да ги поврзам луѓето.

Со овој проект „Balkan Days of Change“ сакам да им помогнам и да ги поддржам луѓето за да го најдат својот идентитет и пред сѐ повторно да почнат да веруваат во себе.

За некој што е роден и израснат во Германија, пронаоѓањето на идентитетот беше голем предизвик. Бидејќи на Балканот бев германка,а во Германија странкиња. Никаде не се чувствував како дома. Денес, јас сум горда што во себе ги имам двата менталитети и знам, која сум јас и што е вистински важно. Спонтаноста, радоста и топлината, се на пример особини што ги имам во себе од Балканот. Додека пак дел од мене се и организираноста, конструктивноста и планирањето, кои ги носам со себе како дел од германскиот менталитет. Мешавината на две култури е она што денес ме карактеризира мене.

„Balkan Days of Change“ исто така е проект на моето срце.

Мојата визија е слободно да ги поврзам луѓето и тие да се поддржат себе си и другите. Да го отворам пристапот до срцето за да мpжеме да ги покажеме нашите емоции.

Оној што ја знае историјата на Балканот,знае и колку прашањата за националноста и религијата не конфронтираат во секојдневниот живот. Сопствениот идентитет нема никаква врска со националноста и религијата. Долги години, токму поради ова имаше битки и војни и последиците од нив и по неколку генерации сеуште може да се забележат. Овие срца да се излечат,за луѓето повторно да можат да живеат послободни и посреќни и наредните генерации да можат да живеат во љубов и доверба, е она што сакам да го реализирам со овој проект „Balkan Days of Change“ .

Melita Dine

Ние веруваме во љубов, го почитуваме секој човек онаков каков што е и создаваме доверба.

Само кога можеш да гледаш со срцето, гледаш искрено. И кога си искрен, ќе го препознаеш твојот потенцијал, кој ти го носиш во себе. Тогаш може да настане новото. Со нашите месечни настани ги спојуваме луѓето и градиме заедница во која тие не само што обострано се поддржуваат, градат доверба и споделуваатрадост, туку и го развиваат НОВОТО.

Нашата мисија е да ги лекуваме срцата со силна волја. Резултатот носи нови перспективи, инспирација и развој на новото.

Ти се почувствува како овој текст да ти се обрати и навистина сакаш да бидеш среќен/на и успешен/на? Резервирај карта за Balkan Days of Change и посети не на еден од нашите настани.