Тренинг

Подготвеноста за промена, взаемното прифаќање на доброволна основа, довербата и дискрецијата се основа за успешен коучинг. Оваа база овозможува да се разјаснат прашања кои инаку остануваат неискажани, поради страв или срам од обезличување. Затоа, ќе може да работите на теми кои често се запоставени со години или пак генерално воопшто не се дискутирани. При тоа, ние се концентрираме на позитивната сила и на алтернативните можности во сегашноста, но и во иднината.

Таму е вашата желба за промена со вас и вашата животната средина. И шанса за вистинска имплементација..

Коучингот е лично доживување и искуство ориентирано кон резултати. А и шанса за вистинска имплементција на личната желба за промена во моменталната животна средина. Конкретно доживеаните ситуации за време на коучингот во сигурни рамки ќе се повторуваат и одново доживуваат, на пример од разни перспективи. По зедничката рефлексија ќе се испробаат нови однесувања, ќе се проценуваат и сосема свесно ќе се применуваат во секојдневието.

Употребете сѐ што веќе имате во себе и пронајдете го најдобриот пат Како коучеви, ние ќе ве следиме во приватниот и деловниот живот

Consulting

Во текот на големите промени во стопанството (економијата) и општеството, преку дигитализација ги следиме водечките компании и јавни институции да ги направат нивните индивидуални промени. Основа за ова се обезбедува со длабока експертиза во областа на економијата, како и водечката улога во корпоративното трансформирање и организациски промени.

Потребна Ви е поддршка на менаџментот во компанијата, на пример за оптимизирање на процесите или пак маркетинг стратегијата? Ние советуваме и подржуваме организации во спроведување на процесот на промена. Услугите се движат од концепти, иновативни стратегии, па сѐ до нивна практична имплементација, но секогаш со јасен фокус за резултатите.

Training & Workshop

Во овој динамичен свет, во кој владее константна промена, флексибилноста е најважната компонента за успешен развој. Флексибилноста го преиспитува познатото и ги поставува есенцијалните прашања:

Како реагирам на постојаните движења и промени без да ја изгубам сопствената перспектива?
Како можам да го прилагодам моето однесување и моите навики на новите услови, а при тоа да останам верен на моите цели?
Како и покрај големиот притисок да работам ефективно и со задоволство?
Како да настапам со сигурност и компетентност наспроти моите колеги и деловни партнери во секое време?

На нашиот специјално прилагоден тренинг ги појаснуваме важните импулси за флексибилна акција, учиме од конкретни животни ситуации, нудиме алтернативи за познати примери на делување и нудиме помошво примената на наученото во пракса, во секојдневниот живот и како да го имплементирате. Освен тоа, комуникациските вештини индивидуално се прилагодуваат во поглед на одржување на контактот со другите.